Милан е грогиран – Пораз и од Рома во Рим (Видео)

Милан е во голема криза, а лошата ситуација се потврди и во дербито од деветтото коло, што го доби Рома во Рим со 2:1.

Един Џеко со гол во 38-мата минута најави четврти триумф за Рома во Серија А, но Тео Ернандес со дебитантскиот гол за Милан израмни на 1:1 во 55-тата минута.

Одлуката кој ќе победи, ја донесе бисерот на италијанскиот фудбал Николо Заниоло со одличен погодок само 180 секунди подоцна. За Заниоло ова е прв погодок во новата сезона во Калчото.

https://twitter.com/CieloNore/status/1188520351233462272?s=20

Рома по овој триумф има 16 бода на петтата позиција, а Милан падна на 12-тото место со 10 бода, колку што има и Удинезе со послаба гол-разлика.

Во истиот термин, од 18 часот, во Бундеслигата Борусија Менхенгладбах го победи Ајнтрахт со 4:2 и остана на првото место со 19 бодови по 9 кола.

- Оглас -

Најнови вести