33.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Милан е најзадоволен од резултатот на дербито Наполи – Интер

Наполи и Интер одиграа 1-1 во дербито на италијанската Серија А, а ова значи дека Интер останува лидер на табелата барем до утре попладне. Милан има шанса да го преземе врвот ако утре дома ја совлада Сампдорија.

Наполи е на бод позади Интер, а наполитанците имаат и еден меч повеќе.

Елиф Елмас влезе во игра во 26-та минута на местото на повредениот Политано, имаше и една огромна шанса која не ја искористи, но и да дадеше гол, ќе му беше поништен поради офсајд на Осимен, пред топката да дојде до македонскиот интернационалец и одличната одбрана на Хандановиќ.

Инсиње го донесе Наполи во водство со прецизно изведен пенал, а изедначи Џеко во 48-ма минута. За Босанецот ова е петти гол против Наполи, што е добар просек ако се знае дека Џеко во Италија дебитираше во сезоната 2015/2016.

- Оглас -

Најнови вести