Милан е подготвен да му го продаде својот најдобар фудбалер на Сити, но само за рекордна сума

Милан има заостанување од четири бода зад Јувентус во борбата за пласман во Лигата на шампионите на две кола пред крајот на Серија А, па поради лошиот пласман ќе мора налето да ги продаде дел од своите најдобри фудбалери.

Манчестер сити е заинтересиран за Тијани Рејндерс и во него гледаат замена за Кевин де Бројне, а Милан нема ништо против да го продаде. Сепак, единствениот услов е тоа да биде клупски рекорд, кој досега го има Бразилецот Кака, кој беше продаден за 67 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести