После Томори и голманот Маињан, синоќа црвен картон доби и Малик Тиав, па екипата на Милан е рекордер во Серија А со три исклучувања во само девет кола.
Росонерите дефинитивно имаат проблем со картоните. Во следното коло против Наполи нема да игра Тиав, а синоќа против Јуве ги немаше суспендираните Маињан и Тео Ернандес. Бекот после само седум настапи нанижа пет жолти картони, што значеше автоматска суспензија. Најголемиот дел од картоните на Тео беа за приговори и недисциплина.
Од почетокот на сезоната 2018/2019 наваму, само Сасуоло и Фиорентина добиле повеќе црвени картони од Милан.

