Милан е вистинска енигма за Интер оваа сезона, Лука Јовиќ донесе финале во Купот на Италија (Видео)

Екипата на Милан е првиот финалист на италијанскиот Куп откако со убедливи 0-3 славеше како „гостин“ против градскиот ривал Интер. Ова е петти меѓусебен дуел на градските ривали оваа сезона, а Интер на ниту еден од нив не успеа да победи.

Клучен за победата на Црвено-црните беше српскиот интернационалец Лука Јовиќ, кој погоди во 36-тата и во 49-тата минута, додека конечните 0-3 ги постави Рајндерс во 85-тата минута.

Противник на Милан во финалето ќе биде Болоња, која утре треба само да го потврди пласманот откако победи со убедливи 0-3 на првиот меч против Емполи на гости.

- Оглас -

Најнови вести