Симон Кјаер ќе продолжи да игра за Милан, откако Росонерите одлучија да го откупат неговиот договор со Севилја и да потпишат нов со стоперот, со важност до јуни 2022 година.
Кјаер пристигна во Милано во јануари годинава и одигра девет натпревари за повеќекратниот италијански и европски првак и ги задоволи вкусовите на раководтсвото на клубот.
https://twitter.com/SimoneCristao/status/1283328164119404546?s=20
Данецот има неколкуратно искуство со настапи во Италија, а беше член на Палермо, потоа и на Рома и на Аталанта.
Корпулентниот стопер има 31 година и е одлилно засилување за Милан сега со постојан договор што важи во следните две години.
Кјаер има и 95 настапи за данската репрезентација и наскоро гоочекува и јубилејниот стоти настап за некогашните европски прваци.