1.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Милан едвај се спаси од пораз против Пиза (Видео)

Милан неочекувано направи кикс на домашен терен против Пиза играјќи 2-2. Во финишот Росонерите мораа да спасуваат и бод, откако Пиза изненадувачки имаше водство на „Сан Сиро“. Но, Закари Атекаме постигна гол за Милан во 93-тата минута за избегнување на срамен пораз против тимот што оваа сезона се најде во елитата.

Рафаел Леао во седмата минута донесе предност за Милан и сите помислија дека ова ќе биде рутинска задача за тимот на Алегри. Но, Квадрадо од пенал израмни во 60-тата минута, а Мбала Нзола го шокираше „Сан Сиро“ во 86-та минута со водство за Пиза.

Сепак, Милан успеа во судиското продолжение преку Атекаме да стигне до 2-2 и сега има два бода предност на врвот на табелата пред Интер. Салемакерс во 98-та минута пропушти дури и можност да обезбеди победа за Милан.

- Оглас -

Најнови вести