Капитенот на репрезентацијата на Шпанија, Алваро Мората, по пауза само од една полусезона, која ја мина во Турција, е пред враќање во италијанската Серија А. Тој зимоска беше позајмен од Милан во Галатасарај и таму требаше да остане до јануари следната година, но неговиот престој крај Босфорот ќе заврши порано.
Голем интерес за него имаше од екипата на Комо, а како што објавува Фабрцио Романо, се чини дека трите клуба успеале да најдат заеднички јазик, па Мората во иднина ќе настапува за Комо.
Членот на Серија А ќе мора да плати пет милиони евра за Галатасарај за предвремениот прекин на позајмицата.