Милан го спаси најдобриот голман за бранење пенали (Видео)

Италијанскиот првак Милан одигра без голови на гостувањето кај Сасуоло во првиот меч од четвртото коло во италијанското првенство. Росонерите беа фаворити пред мечот, гостите доминираа на теренот, но на крајот може да бидат задоволни и што не загубија.

Сасуоло ја имаше најдобрата шанса за погодок, и тоа од пенал во првото полувреме. Во 23-тата минута Доменико Берарди ја прифати обврската да го шутира пеналот, но голманот на Милан, Мајк Мењан, успеа да го одбрани неговиот удар.

Со овој одбранет пенал, Мењан само потврди дека е мајстор за бранење на удари од белата точка. Мењан од 2015 година е во сениорскиот фудбал и бранеше за Лил до 2021 година, а потоа направи трансфер на „Сан Сиро“.

Статистиката покажува дека Мењан има девет одбранети пенали од 29 удари од белатата точка и со процент од 31 отсто одбранети удари е со најдобар биланс од сите чувари на мрежата во Топ 5 лигите што бранеле барем на 25 пенали од 2015 година до денес.

- Оглас -

Најнови вести