Милан го доби градското дерби, но Интер останува комотен на врвот од Серија А (Видео)

Интер и седми меч по ред не знае за победа против градскиот ривал, но и покрај поразот од Милан, останува комотен на врвот од Серија А со седум бода предност. Милан и третпат по ред победи во „Дерби дела Мадонина“ и третпат го направи тоа без да прими гол.

Човек на одлука беше еквадорскиот дефанзивец, Первис Еступињан, во 35-тата минута, откако доби одлична топка од Фофана, а потоа знаеше како да ја забие топката во мрежата на Зомер.

Интер и покрај поразот останува лидер со 67 бода, седум повеќе од градскиот ривал Милан. Актуелниот шампион, Наполи, е трет со 56 поени.

- Оглас -

Најнови вести