32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Милан го купи мегаталентот на Црвена ѕвезда за пет милиони евра

Италијанскиот великан Милан своите редови ќе ги засили со 18-годишниот талент од Црвена ѕвезда Марко Лазетиќ.

Росоњерите ќе платат пет милиони евра на српскиот првак, а Ѕвезда ќе добие и дополнителни 10 отсто бонус за нареден трансфер.

Тој игра како напаѓач, а во досегашниот дел од сезоната му е позајмен на Графичар, каде што на 14 натпревари постигна четири погодоци.

„Слушнав дека станува збор за голем талент. Ќе имам можност да го видам кога ќе пристигне во нашите редови. 

Златан има проблеми со тетивата, сега нам ни преостанува да се одмориме и да се подготвиме за големото дерби против Интер“, изјави тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

Големото миланско дерби е закажано за на 6 февруари од 15:00 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести