Милан го купува големиот талент на Динамо Загреб

Италијанскиот гигант Милан преговара со хрватскиот првак Динамо Загреб околу услугите на талентираниот офанзивец Дани Олмо. Росонерите наводно се фаворити за потписот на Олмо, за кого се подготвени да издвојат до 30 милиони евра.

Спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан, пред неколку дена бил забележан во Загреб, каде што завршил дел од преговорите, а италијанските медиуми тврдат дека луѓето кои го застапуваат Шпанецот присуствувале на уште еден состанок во Милано, така што двете страни се блиску до постигнување договор.

Модрите со сите сили се обидуваат да го задржат големиот талент во своите редови нудејќи му годишна плата од два милиони евра, но самиот фудбалер смета дека е време за да направи чекор напред во кариерата. Во текот на летото, Динамо одби неколку понуди за Олмо, а заинтересирани беа Манчестер јунајтед и Евертон, како и Баерн Минхен.

Дваесет и едногодишниот Шпанец е член на Динамо од 2014 година, кога ја напушти познатата школа на Барселона, „Ла Масија“. За Модрите запиша вкупно 105 настапи на коишто постигна 29 гола и 23 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести