Дани Олмо игра одлично во континуитет и стана најскапиот фудбалер на Динамо Загреб со цена од околу 20 до 25 милиони евра, а заинтересиран за услугите на 20-годишниот играч е Милан.
Според информациите на хрватските медиуми, Милан нуди 20 милиони евра за Олмо, а Динамо бара пет повеќе.
Дани комплетно ја има минато познатата фудбалска Академија на Барселона, таканаречената „Ла Масија“, а Здравко Мамиќ имаше одличен инстинкт и го купи Олмо за скромна сума.
Играчот од средниот ред созреа во Динамо, прерасна во одличен играч и веќе е пред портите на гигантот од Милано. „Росонерите“ сакаат да го ангажираат Шпанецот во зимскиот преоден рок.