Милан го најде виновникот – тоа е кондициски тренер, а следен за отказ е Пиоли

Повредите на Рафаел Леао и Давиде Калабрија ја натераа управата на Милан да реагира и да го отпушти еден од тројцата кондициски тренери Матео Ости.

Челниците на Росонерите сметаат дека Ости е најголем виновник затоа што во досегашниот дел од сезоната дури 24-мина фудбалери беа или сè уште се повредени и поради тоа одлучија да се разделат со него.

Според Тутоспорт, отказот на Ости е вовед во тоа што ќе следи доколку не се подобрат игрите и резултатите на екипата, тоа би било отказ за тренерот Стефано Пиоли. Според „весникот“ отказот за Пиоли е неизбежен доколку Росонерите не обезбедат пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Милан повеќе од еден месец нема победа во Серија А, но и покрај тоа екипата се наоѓа на третото место на табелата со 23 бода, осум помалку од лидерот Интер.

- Оглас -

Најнови вести