Милан успеа да направи пресврт во второто полувреме и го победи Јувентус со 2-1 во второто полуфинале од Суперкупот на Италија што се одржува во Ријад. Росонерите во финалето ќе играат против градскиот ривал Интер, што секако е супер-финале во ова натпреварување.
Новиот тренер на Милан, Сержо Консеисао успеа да дебитира со триумф, а славеше против својот син кој настапува за Јувентус.
Старата дама поведе со голот на Јилдиз во 21-та минута, но Милан возврати уште посилно во вториот дел.
Пулишиќ во 71-та минута израмни од пенал, а пет минути подоцна Федерико Гати си постигна автогол.
Финалната пресметка од Суперкупот на Италија ќе се игра в понеделник во Ријад.