26.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Милан го победи Ливерпул во дебито на Флоријан Вирц

Милан го победи англискиот првак Ливерпул со 4-2 во пријателски натпревар одигран во Хонг Конг, како дел од претсезонската турнеја.

По слабиот настап против Арсенал, каде што упатија само еден удар во рамките на голот, избраниците на Масимилијано Алегри сега покажаа далеку подобра игра и постигнаа три гола против еден од фаворитите за титулата во Премиер лигата. И двата тренери ротираа состави, а кај Ливерпул дебитираше најскапото засилување, Флоријан Вирц, кој започна од првата минута и одигра едно полувреме.

Во десеттата минута Рафаел Леао, по асистенција од Пулишиќ, прецизно ја смести топката во мрежата на Алисон и донесе водство за Милан. Ливерпул одговори преку Доминик Собошлај, кој во 26-тата минута со мајсторски удар од далечина израмни на 1-1.

Во второто полувреме тренерот Арне Слот направи целосна смена на составот, што Милан знаеше да го искористи. Лофтус-Чик во 52-та минута и Окафор во 60-тата минута погодија по брзи контранапади и убаво изведени акции, за 3-1 во корист на Милан.

Во судиското продолжение уште два гола, Коди Гакпо за Ливерпул и Ноа Окафор за Милан, за конечни 4-2.

- Оглас -

Најнови вести