Фудбалерите на Милан конечно заиграа како што се очекува од нив и буквално го понижија Удинезе на негов терен со 0-4. Сепак, мечот во Удине го одбележа страшната повреда на гостинскиот голман, Мајк Мењан, кој во 52-рата минута се судри со својот соиграч Хименез, по што на теренот завладеа молк. Лекарските екипи веднаш интервенираа, а Мењан на носилки беше изнесен од теренот.
Четирите гола за Милан беа дело на Рафаел Леао, Стахиња Павловиќ, Тео Ернандес и Тијани Рејндерс. „Црвено-црните“ и покрај победата, остануваат на деветтата позиција на табелата, сега со 51 бод или шест помалку од четвртата Болоња.