Милан го претстави Игли Таре како спортски директор, а сега се очекува и новиот тренер

Италијанскиот калчолигаш Милан официјално го именуваше Игли Таре за нов спортски директор на првиот тим. Ексфудбалерот и поранешен спортски директор на Лацио потпиша договор на две години со опција за продолжување на уште една сезона. Тој ќе заработува околу 800.000 евра по сезона.

Таре, кој е роден во Албанија и има богато искуство како играч и директор, изјави дека е горд што станува дел од клуб како Милан и дека ќе го даде целото свое искуство за враќање на клубот на врвот на италијанскиот и на европскиот фудбал.

Извршниот директор Џорџо Фурлани потенцираше дека Таре е „вистинската личност за новиот почеток” и го истакна неговото познавање на италијанскиот фудбал и меѓународната визија.

Првата задача на Таре ќе биде изборот на нов тренер, а се очекува тоа да биде Винченцо Италијано, тренерот на Болоња. Неговото назначување, пак, практично ја исклучува опцијата за ангажман на Маурицио Сари, со кого Таре имаше несогласувања во Лацио.

- Оглас -

Најнови вести