0.8 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

Милан го претстави третиот дрес, но нема да смее да го носи поради новото правило во Серија А!

Италијанскиот првак Милан планираше третиот дрес за сезоната 2022/2023 да им биде маслинесто зелен, но изгледа ништо од тоа. Росонерите нема да смеат на гостувањата да го користат тој дрес, затоа што Серија А ќе забрани екипите да имаат зелени дресови.

Причината е од техничка природа, зелените дресови се исти или слични со бојата на тревникот, па се отежнува реализацијата на телевизиските преноси.

Ова не се однесува на клубовите чија традиционална боја е зелената, како на пример Сасуоло, на кој главниот дрес му е зелено-црн. Во некои случаи, зелен дрес е дозволен и за голмани, но на играчите никако не смее зелената да им биде главна боја како кај дресот на Милан.

Ако италијанската лига забрани зелени дресови, тогаш Милан оваа трета гарнитура ќе ја користи само во европските купови.

- Оглас -

Најнови вести