Марко Лазетиќ е претставен како нов играч на италијанскиот калчолигаш Милан. Талентираниот 18-годишен фудбалер на „Сан Сиро“ доаѓа од редовите на Црвена ѕвезда, која ќе добие четири и пол милиони евра за трансферот.
Според пишувањата, Лазетиќ, кој пред неколку дена стана полнолетен, годишно ќе заработува половина милион евра, а линеарно секоја година платата ќе му расте за 50.000 евра. Доколку одигра осум меча во една сезона, на Србинот ќе му следува и бонус од дополнителни 500.000 евра.
Official Statement: Marko Lazetić ➡ https://t.co/3w3WokAaRL
Comunicato Ufficiale: Marko Lazetić ➡ https://t.co/9Y5kh5DufZ#SempreMilan pic.twitter.com/XYwqyvIO1z
— AC Milan (@acmilan) January 27, 2022
Српскиот првак ќе има право и на 10 отсто отштета од следниот трансфер на Лазетиќ. Младиот напаѓач, кој има одиграно само 17 меча за првиот тим на Црвена ѕвезда, е и првиот фудбалер роден во Србија што ќе го облече црвено-црниот дрес на седумкратниот европски првак.
Договорот со Милан е до јуни 2026 година, а Лазетиќ ќе го носи дресот со бројот 22.