Масимилијано Алегри, некогашниот тренер на Милан, Каљари и на Јувентус, повторно ќе работи во Серија А. Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан го повикал својот некогашен тренер, остварил телефонски контакт и сега се работи на финализација на договорот.
Сержо Консеисао очигледно дека брзо ќе ја заврши својата епизода меѓу Росонерите, а дали тоа ќе биде официјализирано веднаш или ќе остане до крајот на сезоната, ќе одлучи раководството на клубот.
Во секој случај, извесно е дека Масимилијано Алегри повторно ќе го води клубот од „Сан Сиро“ и се враќа на активна работа откако во мај 2024 година стави крај на соработката со Јувентус.