Веќе неколку дена се најавува враќањето на Златан Ибрахимовиќ во Милан. Швеѓанецот има понуда на маса, се очекува да ја прифати и повторно да го облече црвено-црниот дрес, но клубот мора да направи уште една промена за му гарантира статус на прва ѕвезда.
Наводно, Милан се подготвува да го жртвува Кжиштоф Пјонтек за да местото на класична „деветка“ биде слободно за Ибрахимовиќ. Клубот од „Сан Сиро“ планира да го даде полскиот голгетер на позајмица, барем до крајот на оваа сезона, односно додека трае соработката со искусниот шведски голгетер.
Ако се земе во предвид моменталната форма на Пјонтек (3 гола на 12 меча во Серија А), Милан без проблеми би го пуштиле Полјакот на привремен ангажман, а наводно Џенова, тимот од каде што пристигна во Милан, му нуди излез. Алтернатива на Росонерите е да го дадат младиот Рафаел Леао, кој не ги импресионираше челниците на клубот откако пристигна летово.