Милан и Ал-Хилал се договорија, останува уште Тео Ернандес да одлучи дали ќе ја напушти Европа

Раководствата на Милан и Ал-Хилал ги договориле сите детали околу трансферот на Тео Ернандес во Саудиска Арабија. Екипата од Серија А ќе добие фиксни 30 милиони евра и дополнителни бонуси од пет милиони евра, но сега останува само уште Арапите да ги договорат личните услови со Французинот, па трансферот да биде официјализиран.

Вредноста на Ернандес на трансфер-пазарот во моментов е 40 милиони евра, па изненадувачка е сумата која ја прифатиле од Милан, но разбирливо е ако се знае дека екипата имаше разочарувачка сезона и остана без пласман во европските купови.

Тео Ернандес во 2019 година се пресели од Реал Мадрид во Милан за сума од 22,8 милиони евра, а претходно настапуваше и за Реал Сосиедад, Алавес и Атлетико Мадрид, а иако настапува за Франција, сепак никогаш во кариерата нема настапувано за француски клуб.

Сумата која ја прифати Милан ќе биде највисоката која е платена за Ернандес во неговата кариера, со оглед на тоа дека Кралевите го откупија од градскиот ривал Атлетико за 24 милиони евра, а го продадоа за 22,8 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести