28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Милан и Астон вила лесно ќе се справат со фенерџиите, Сити игра меч по кој сака да биде прогласен за светски првак

3003 Салернитана – Милан (20:45 ч.)

Милан нема победа на последните три гостувања сезонава во Серија А и дуелот на теренот кај последнопласираниот тим е добра можност оваа лоша низа да прекине. Салернитана во 16 кола освои само осум бода и ја има убедливо најслабата одбрана дури со 34 примени гола (просек повеќе од два примени гола на меч).

Во последниве две сезони Милан има две победи, а Салернитана двапати извади бод во мечеви во кои секогаш имало два или повеќе погодоци.

Предлог тип: 2&3+ (2.05)

 

1003 Астон вила – Шефилд јунајтед (21 ч.)

Астон вила е најпријатното изненадување сезонава во Премиер лигата. Тимот од Бирмингам игра одлично и со 38 бода е само еден бод зад лидерот Арсенал. За разлика од него, Шефилд јунајтед е последен на табелата само со осум бода од 17 средби и дури 43 примени погодоци. Шефилд на осум гостувања сезонава освои само еден бод, па реално нема што да бара вечерва на „Вила парк“.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.05)

 

6758 Манчестер сити – Флуминенсе (19 ч.)

Финале на Светското клупско првенство, а европскиот владетел е фаворит. Сепак, кога за ривал се има клуб од Бразил, никогаш предвреме не може да се знае исходот. Сити првпат игра ваков дуел и тимот на Пеп Гвардиола сигурно нема да сака да пропушти можност за нов трофеј.

Флуминенсе важи за екипа која знае добро да одигра во офанзивниот дел и сигурно ќе му создаде проблем на фаворитот.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

1658 РВДМ – Бриж (20:45 ч.)

Во првиот дел од сезоната, Бриж дома го растури овој противник и славеше со 7:1, па сигурно и сега е фаворит. Бриж е во одлична форма и има седум победи и две нерешени во последните девет средби.

РВДМ е тим кој дојде од втора лига и моментално е надвор од опасната зона. Игра отворен фудбал и често дава, но и прима голови.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.68)

 

2436 Динамо Букурешт – Волунтари (19:30 ч.)

Две екипи кои ќе се борат да не испаднат од романското елитно друштво. Во првиот меч сезонава на овие два ривали, Динамо победи на гости со 3:2 во меч на кој Волунтари промаши пенал за реми во 90+7 минута. Токму тој меч треба да е најава дека и сега може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.06)

 

- Оглас -

Најнови вести