Интересно беше 22-рото коло на Спортска прогноза и по подолго време, еден прогнозер имаше шанса за „ајфон 12“, но Милан и Баер Леверкузен со победи во двата дерби-дуели, во Серија А и во Бундеслигата, ја блокираа наградата.
Сепак, и за 11 погодени натпревари Амар З. ќе добие награда од Sport Life, вредносен ваучер од 500 денари, што може да го одигра во кое било обложувачко место.
Тој е единствениот што погоди единаесетка, а промашени му се само единиците на дуелите Интер против Милан и Борусија Дортмунд со Баер.
Гостите, Милан, победија на миланското дерби со 2:1, а на бундеслигашкото дерби Баер славеше со 5:2 во Дортмунд, па пропадна шансата за првиот мобилен телефон за прогнозерите во четвртата сезона на Спортска прогноза.
Следното 23-то коло ќе биде отворено за прогнозирање од утре, од 14 часот, со нови 13 двојки и плус два резервни пара.