19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Милан и Баер Леверкузен се договорија, Бонифејс ќе се пресели на „Сан Сиро“

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, во новата сезона ќе настапува за екипата на Милан како позајмен фудбалер. Екипата од „Сан Сиро“ за позајмицата од една сезона ќе плати пет милиони евра, а следното лето ќе има право и да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.

Бонифајс во дресот на Баер Леверкузен одигра 61 натпревар, на кои постигна 32 гола.

Дваесет и четиригодишниот нигериски репрезентативец има договор со Фармецевтите до 2028 година, а неговата моментална вредност се проценува на 40 милиони евра. Тој во редовите на Баер Леверкузен пристигна од белгискиот Унион пред две години за сума од 22,6 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести