Оваа „супер сабота“ нуди голем број на дерби натпревари, ние одбравме само неколку, бидејќи неизвесноста ја прават привлечна за обложување. Според квотите на денот на SPORT LIFE, Тотенхем не би требало да загуби од Арсенал, како ни Барселона кај Реал, додека Милан е фаворит против Сасуоло.
Тотенхем – Арсенал (13.30 часот)
Нема неважен меч кога играат овие два тима. Победа за домашните ќе значи сигурно трето место уште некое време, а Арсенал ако победи, ќе дојде на само еден бод од ривалот. Тотенхем има два порази по ред, за разлика од „топчиите“ кои се во добро расположение. Сепак, 47-миот роденден на тренерот Покетино кој дома не загубил од Арсенал, е мотив плус за домашните да останат непоразени.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.20)
Милан – Сасуоло (18.00 часот)
Милан има убава шанса да се искачи на третата позиција и да избие пред Интер. Сасуоло има низа од четири меча без победа, а формата на Милан е во нагорна линија и затоа тука сè освен „единица“ би било големо изненадување. Есеноска, Милан како гостин победи кај Сасуоло со 4-1, па и сега треба да има голови.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.40)
Реал Мадрид – Барселона (20.45 часот)
Не е лесно на гости да победите некој голем ривал двапати за само три дена, но психолошката предност е на страна на Барселона. Барса има девет бода плус, па може да си дозволи и пораз, но Меси и другарите ќе сакаат да го отпишат Реал од трката за титулата. Притисокот е врз Реал, особено што Барса победи на пет од последните шест гостувања во Мадрид.
Предлог тип: Х2 & 2-5 (2.05)
Црвена ѕвезда – Партизан (18.00 часот)
Вечното белградско дерби делува дека ќе заврши со рутинска победа на домашните кои се поквалитетни, но како и во сите претходни 158 меѓусебни дуели, победникот не се знае однапред, и ќе решаваат и мотивите. Веројатно не треба да се очекува „дожд од голови“, бидејќи на пет од последните седум соочувања, паднаа 0-2 гола. Есеноска беше 1-1, а Ѕвезда која има 15 бода повеќе, од ноември наваму знае само за победи во српската лига.
Предлог тип: 1 & 2-3 гола (3.60)
Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен (18.30 часот)
Иако гостува кај незгоден тим кој е трети на табелата, Баерн е фаворит. Баварците со победа би се изедначиле по бројот на бодови со лидерот Борусија Дортмунд. Баерн има три победи по ред, а Менхенгладбах три кола не знае за победа, па и ова ги фаворизира гостите. И домашните немаат право на калкулации, бидејќи може да паднат на табелата ако загубат. Статистиката најавува ефикасен меч.
Предлог тип: 2 (1.63)