1024 Стокпорт – Лејтон Ориент (21:00)
Екипите на Стокпорт и Лејтон Ориент играат во плејофот за пласман во англиската Чемпионшип дивизија и вечерва ќе одлучуваат кој ќе биде финалист откако првиот меч заврши нерешено, 2-2. Слично се очекува да биде и денес, односно да има голови. На првиот натпревар имаше четири погодоци, од кои еден беше постигнат во првото полувреме, па доколку и вечерва се случи нешто слично, односно да има во двете полувремиња помеѓу еден и три гола, тогаш овој предлог ќе биде добитен.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.10)
3148 Славен Белупо – Риека (18:00)
Славен Белупо и Риека го играат првиот меч од финалето на Хрватскиот куп. Домашните играат во лоша форма и четири меча во низа немаат победа, па затоа фаворитската улога ја имаат гостите, кои имаат две победи на последните два натпревари. На последните два меѓусебни натпревари на овие екипи беа постигнати два, односно три гола, па најмалку два гола може да се очекуваат и вечерва.
Предлог тип: Х2 & 2+ (1.97)
1968 Галатасарај – Трабзонспор (19:45)
Екипите на Галатасарај и Трабзонспор ќе водат голема битка за трофејот од Купот на Турција. На последните пет натпревари на овие екипи секогаш имало најмалку по два гола, а на три меча од нив биле постигнати најмалку по три. Токму Галатасарај е најтрофејната екипа во ова натпреварување во 18 трофеи, додека Трабзонспор е трет на вечната листа со девет. Минатата сезона Трабзон загуби во финалето од Бешикташ со 3-2.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.83)
3031 Болоња – Милан (21:00)
Трофеј од Купот вечерва ќе се доделува и во Италија, а во големото финале на „Олимпико“ во Рим се среќаваат Болоња и Милан. Овие екипи само пред пет дена играа меч од Серија А, на кој Милан со пресврт славеше со 3-1, па очекувањата за вечерва се слични, дека двете екипи ќе постигнат барем по еден гол. Милан на трофејот од Купот на Италија чека уште од 2003 година, додека Болоња последен пат се радуваше во 1974 година.
Предлог тип: ГГ (1.85)
1305 Реал Мадрид – Мајорка (21:30)
Реал Мадрид заостанува со седум бода од Барселона, но како што најави и самиот Карло Анчелоти, Кралевите немаат намера да се откажат од одбрана на титулата, иако имаат само теоретски шанси за такво нешто. Италијанецот има многу повредени и големи главоболки во составувањето на екипата за дуелот против Мајорка, но Реал Мадрид и покрај тоа, е апсолутен фаворит и од него се очекува да победи.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.91)