30.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Милан и Челзи ќе ги смачкаат фенерџиите во Италија и Англија

1009 Шефилд јунајтед – Челзи (20:15 ч.)

Ако сака Челзи да избори приклучок кон Топ 6 во Премиер лигата, едноставно мора да ги освои трите бода во дуелот со фенерџијата. Шефилд сезонава дома загуби дури осум пати во 11 дуели, но Челзи дефинитивно не е е некој сигурен тим за гостински терен.

Традицијата вели дека девет од последните 13 меѓусебни дуели, завршувале барем со три погодоци. Лондончани го победија Тотенхем на гости и осоколени ќе бараат нови три бода вечерва.

Предлог тип: 2&2-4 (1.72)

 

3007 Милан – Кротоне (15 ч.)

Речиси два дена, на лидерското место во Серија А е Интер, а мислијата на Милан денеска е Росонерите повторно да го вратат тронот. Кротоне кој е тим што речиси сигурно на крајот од сезоната ќе испадне од елитното натпреварување, на 10 гостувања има само две нерешени и дури осум порази.

Со 46 примени гола, Кротоне ја има најслабата одбрана и сигурно дека голови треба да се очекуваат на „Сан Сиро“. Во есенскиот дел од сезоната Росонерите на гости победија со 2:0, па сега се очекува уште полесен триумф на фаворитот.

Предлог тип: 1-1 (1.79)

 

1808 Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт (15:30 ч.)

Филозофијата на двата тима е да се нападне и немаат многу сигурни дефанзивни линии, па затоа често даваат, но и примаат многу погодоци. Дека е тоа така, говори и фактот дека на шест од последните седум средби било гол-гол, односно дека двата тима погодувале најмалку по еднаш.

Хофенхајм е многу непредвидлив дома, го победи Баерн со 4:1, но загуби од Фрајбург. Погодоците не треба да изостанат и денеска.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.02)

 

1540 Брага – Порто (21: 45 ч.)

Дерби во португалското првенство на двете екипи кои се најблиску до лидерот Спортинг. Брага е единствената екипа без нерешен резултат во првенството (12 победи и пет порази), а и Порто ретко игра калкулантскти.

Брага на домашен терен има седум победи и само еден пораз, со одлична дефанзива од само четири примени погодоци. И Порто ќе биде прерпазлив и сигурно нема да има многу шанси за погодок.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.91)

 

2846 Сент Етјен – Мец (15 ч.)

Двете екипи имаат проблеми околу составите, но тоа не треба да биде оправдување дека нема да се атакува на трите бода. Сент Етјен е очаен на свој терен и сезонава има само две победи во 11 средби. Мец игра квалитетен фудбал, па гостите имаат само еден пораз во последните 10 кола во домашното првенство.

Одбраната е главно оружје на Мец, па се веднаш зад водечкото трио по бројот на примени погодоци. еден момент може да го реши овој меч и не се очекуваат многу голови.

Предлог тип: 0-2 (1.66)

 

- Оглас -

Најнови вести