14.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Милан и Интер го купија „Сан Сиро“, сега може да градат нов стадион

Фудбалските клубови Милан и Интер денеска го завршија купувањето на стадионот „Сан Сиро“ и околината од градот Милано, па сега ќе можат да изградат нов модерен стадион со капацитет од 71.500 седишта.

Клубовите го купија стадионот за 197 милиони евра. Продажбата мораше да биде завршена пред 10 ноември, кога второто ниво на стадионот, кое беше завршено на тој датум пред 70 години, добива историско значење и би било забрането да се урне.

Клубовите веќе објавија договори со архитектонски фирми во врска со дизајнот на новиот стадион. Објектот ќе биде дел од проект што ќе се простира на приближно 281.000 квадратни метри.

Новиот стадион треба да биде завршен во 2031 година и ќе ги чини клубовите 1.200.000.000 евра. Целта е стадионот да биде подготвен за Европското првенство во 2032 година, кое Италија ќе го организира со Турција. Церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ќе се одржи на постојниот стадион.

Стадионот Сан Сиро, познат и како Џузепе Меаца, со капацитет од 75.000 седишта, еден од најважните во европскиот фудбал, беше отворен во 1926 година и оттогаш е реновиран неколку пати. Ќе биде срушен во најголема мера, а остатоците од стадионот ќе бидат искористени за канцеларии и други спортски објекти.

- Оглас -

Најнови вести