32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Милан и Интер „рака за рака“ го прескокнаа Јуве

Милан со 2-1 триумфираше на гостувањето кај Сасуоло и се врати на првата позиција на табелата во Серија А, а средбата ја одбележа погодокот на Рафаел Леао, постигнат по само 6,7 секунди игра, што е европски рекорд на еден прволигашки натпревар. Стартниот состав на Росонерите беше со просечна возраст на играчите од 22 години и 313 дена.

Интер дома победи против Специја со 2-1, со голови на Ашраф Хакими, и Ромелу Лукаку од пенал. Мароканецот Хакими има четири гола по своите први 13 меча во Италија, и со тоа бекот е најефикасен дефанзивец во историјата на Интер после првите 13 средби.

Илија Несторовски ги играше последните 12 минути во ремито од 1-1 на Удинезе против Калјари, додека Горан Пандев доби 32 минути во гостинскиот меч на кој Џенова загуби од Беневенто со 0-2.

- Оглас -

Најнови вести