Милан и Интер постигнаа договор да градат сосема нов „Сан Сиро“. Изградбата на ултра-модерниот стадион ќе чини 700 милиони евра, а ќе биде пуштен во употреба за сезоната 2022/2023. Првите најави се дека ќе има капацитет околу 60,000 седишта, што е за 20,000 помалку од капцитетот на култниот „Сан Сиро“, односно „Џузепе Меаца“.
Новиот дом ќе се гради во непосредна близина на стариот „Сан Сиро“, кој ќе биде урнат до темели, а миланските гиганти допрва треба да се договорат што ќе се гради на празното земјиште.
Клубовите долго време беа во „војна“ со градските власти, кои се противеа на идејата да го урнат стадионот кој постои од 1926 година и е од големо значење за градот, не само од фудбалски аспект, туку и од туристички.