Милан и Јувентус денеска ставаат потпис со две големи ѕвезди

Италијанскиот првак Јувентус денеска треба да го комплетира трансферот со Дејан Кулушевски, додека Милан со нетрпение чека да потврди дека во своите редови го враќа Златан Ибрахимовиќ. Тоа што е заедничко за двајцата играчи е дека потекнуваат од Балканот, а сепак решија да го носат дресот на шведската фудбалска репрезентација. Златан веќе ја заврши репрезентативната кариера, а Дејан допрва треба да се докажува во дресот на Викинзите.

Популарниот Ибра во Милан доаѓа како слободен играч, откако му истече договорот со Лос Анџелес галакси, додека Јувентус ќе плати дури 45 милиони евра за Кулушевски, кој сезонава блеска во дресот на Парма. Иако игра за Парма, Кулушевски официјално е фудбалер на Аталанта, па тимот од Бергамо ќе ги добие парите за тинејџерот.

За денеска се закажани лекарските прегледи за двајцата играчи. Ибрахимовиќ во кариерата има играно за Милан, Интер и Јувентус, што значи дека се враќа во едно првенство кое му е многу добро познато. Кулушевски сезонава се профилираше како голем талент, откако даде четири гола, а имаше и седум асистенции во дресот на Парма.

 

- Оглас -

Најнови вести