Милан и Манчестер јунајтед со победите во судиското продолжение израдуваа четворица обложувачи кои си заработија по 100.000 денари

Како и секој викенд кога најмногу се уплаќаат тикети, така и овој имаше одлични добитни тикети кои вреди да се спомнат, а интересно е што на сите четири тикети, обложувачите чекаа победа на Милан, која беше извојувана во 92-рата минута, а на три се чекаше триумф на Манчестер јунајтед, кој голот за победа го постигна во 93-тата минута.

ГАРНАЧО И АВТОГОЛОТ НА МИЛЕНКОВИЌ ДОНЕСОА ГОЛЕМИ ДОБИВКИ НА ДВАЈЦА СКОПЈАНИ

Обложувач во скопски Бутел во објект на Sport Life точно во неделата погоди девет меча и уплатата од 120 денари ја претвори во бруто-добивка од 136.367 денари.

Обложувачот најчесто играл на голови, на четири меча одиграл комбинација на конечен тип и голови и благодарение на голот на младиот Аргентинец Гарначо, си заработи повеќе од 2.000 евра. Мајсторот за обложување имаше одиграно „двојка“ и да има најмалку по еден гол во двете полувремиња. Манчестер јунајтед до победата од 1:2 дојде во 93-тата минута со голот на Гарначо.

Обложувачот до последен момент го чекаше и исходот на мечот меѓу Милан и Фиорентина, на кој ја одигра истата игра, но овојпат Росонерите требаше да победат. Милан на крајот победи со 2:1, а голот за три бода беше постигнат во 92-рата минута, и тоа од страна на дефанизивецот на Фиорентина, Миленковиќ.

Критично беше и на средбата од Бундеслигата меѓу Мајнц и Ајнтрахт, каде што обложувачот играше да има од еден до три гола во двете полувремиња. Во првиот дел, голот беше постигнат во 40-тата минута од страна на Буркард.

Милан и Манчестер јунајтед со победите во последните моменти од натпреварот израдуваа уште еден скопјанец во Драчево, кој за уплата од 100 денари, погоди десет натпревари и заработи бруто-добивка од 119.557 денари.

Обложувачот на дуелот Фулам – Манчестер јунајтед не играше конечен тип, туку ГГ3+ и исто така му се израдува на голот на Гарначо. Милан го одигра фиксна единица, и тие два меча му беа најкритични бидејќи головите беа постигнати во судиското продолжение. Спортинг Лисабон постигна два гола во 43-тата и 45-тата минута и му донесе бруто-добивка од 119.537 денари на обложувачот.

МАЈСТОРИ ЗА КОНЕЧЕН ТИП И ГОЛОВИ

Третиот скопјанец кој заработи речиси 100.000 денари, поточно 97.994 денари за уплата од 50 денати одигра девет натпревари, и тоа на две игри, 1&3+ или 2&3+, и на тикетот исто така ги имаше Манчестер јунајтед и Милан. Освен тие два натпревари, обложувачот одлично ги предвиде победите и на Гент, Спортинг, Макаби Хаифа, Брага, Бенфика, Славија Прага и Јувентус.

Последниот мајсторски одигран тикет е уплатен во Тетово за 30 денари и обложувачот
е побогат за 107.766 денари. Тој одигра 15 натпревари, девет беа фиксови, а на останатите шест играше 1Х&2-5 или Х2&2-5 гола. И Миленковиќ со автоголот во 92-рата минута му донесе победа на Милан и го израдува обложувачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести