Милан и Манчестер сити немаат друга опција освен победа

3010 Верона – Милан (Серија А Италија, 20:45 часот)

По победата на Интер над Емполи, Милан мора да триумфира, или пак во најлош случај да ремизира против Верона за да остане на лидерското место. Но, јасно е дека на две кола до крај, доколку вечерва не победат, дека многу тешко ќе дојдат до титулата со оглед на тоа дека имаат два тешки натпревари.

Верона нè е нималку лесен противник особено поради фактот дека во моментов има 52 бода и со евентуален триумф ќе дојде на само бод од место кое што носи во Конференциската лига.

Сепак, лидерот од пред ова коло во Серија А едноставно нема друга опција освен победа вечерва.

Предлог тип: 2 (1.78)

1010 Манчестер сити – Њукасл (Премиер лига Англија, 17:30 часот)

Нешто слично е и во Англија, каде што „мртва“ трка водат Манчестер сити и Ливерпул. Тимот од Енфилд вчеравечер одигра само реми против Тотенхем и тоа пред своите навивачи, а со победа денеска „граѓаните“ ќе дојдат на чекор од титулата во Англија.

Њукасл ја оствари примарната цел под богатите сопственици а тоа е опстанокот и сега полека се фокусира на следната сезона каде што во летниот преоден рок ќе се обидат да доведат неколку ѕвезди.

Ќе им фалат неколку играчи меѓу кои и Кјеран Трипие кој што одлично се вклопи во тимот по доаѓањето во јануари, но и со сите нив да беа на теренот, се знае кој е огромен фаворит.

Предлог тип: 1-1&2+ (1.61)

1360 Атлетико Мадрид – Реал Мадрид (Ла Лија Шпанија, 21:00 часот)

Големото мадридско дерби ќе ја надополни денешната интересна фудбалска понуда.

Реал има фантастична сезона зад себе и веќе ја освои титулата во Ла Лига а од пред неколку дена направи уште еден неверојатен пресврт и тоа против Манчестер сити, со што се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид, пак, со вчерашниот триумф на Барса над Бетис, практично и да го има обезбедено местото во топ четири, бидејќи од тимот од Севилја има три бода повеќе.

Последните две средби меѓу овие две екипи кога се играле на „Ванда Метрополитано“ завршиле без победник а се чини дека таквиот исход не би им претставувал проблем и на двете екипи и вечерва.

Предлог тип: Х (3.35)

3009 Салернитана – Каљари (Серија А Италија, 18:00 часот)

Домаќините се хит во последните неколку кола во Серија А, и од апсолутен аутсајдер и тим кој што беше со „едната нога“ во понизок ранг, сега се во одлична позиција.

Играат против директниот конкурент во борбата за опстанок каде што со победа, би избегале дури четири бода од опасната зона и тоа на две кола до крајот.

Сепак, тоа нема да биде лесно, но Салернитана е тимот со најдобра форма во најсилната лига на Италија во последните пет кола и има дури 13 освоени од 15 можни бода, додека Каљари има само три.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.83)

1008 Лестер – Евертон (Премиер лига Англија, 15:00 часот)

Лестер по елиминацијата од Рома во полуфиналето од Конференциската лига, иако се наоѓа во долниот дел од табелата во Англија, нема резултатски притисок.

Има десет бода повеќе од денешниот гостин а од некои останати екипи друи и три средби помалку. Евертон, пак едноставно мора да победи ако сака да избегне бламажа и испаѓање во втората лига на Англија.

Екипата од Ливерпул има 32 бода, односно два помалку од Лидс и Барнли кои што имаат и средба повеќе. Евертон има три победи на гостувањата на „Кинг Пауер“ стадионот и денеска мора да оди на трите бода, ако сака да си ги подобри шансите за опстанок.

Предлог тип: 2 (2.65)

- Оглас -

Најнови вести