Словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко ќе пристигне на „Олд Трафорд“, што значи дека Манчестер јунајтед ќе мора да се ослободи од еден од напаѓачите, а изгледа дека одлуката ќе падне на Расмус Хојлунд. Според информациите од Островот, Хојлунд сака да остане бидејќи не се плаши од конкуренција, но Јунајтед ќе одржи состанок со него и ќе му порача дека е најдобро да се разделат.
Милан е сериозно заинтересиран, а доколку Хојлунд донесе одлука да замине од клубот, нема да недостигаат клубови што би сакале да го доведат. Во трката е и Наполи.
Хојлунд уште претходно го одби Лајпциг. Раководството на германскиот клуб се обиде да го добие Хојлунд како дел од пакетот за трансферот на Бењамин Шешко, но Данецот порача дека не е расположен да се пресели во Бундеслигата.
Расмус Хојлунд претходно играше за Аталанта во Серија А и сигурно дека негов приоритет би бил да се врати во Италија.