-7.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Милан и Њукасл ќе ја отворат ЛШ, Црвена Звезда започнува на гости кај европскиот шампион (Фото)

Трката по драгоцениот трофеј од Лигата на шампионите ќе стартува на 19-ти септември. Веднаш на стартот во 18:45 часот ќе има еден интересен дуел, помеѓу Милан и Њукасл. Вториот натпревар во овој термин е помеѓу Јанг Бојс и Лајпциг.

Во вечерниот термин најголемо внимание привлекува гостувањето на Црвена Звезда кај бранителот на трофејот, Манчестер сити. Возбудувања се очекуваат и на дуелот ПСЖ – Борусија Дортмунд.

Најголемото дерби на стартот ќе се одигра во средата, 20-ти септември, а во репризата на легендарното финале од 1999-тата ќе играат Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

Во продолжение комплетниот распоред за групната фаза од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести