Екипите на Милан и Рома во финишот на преодниот рок ја направија една од најчудните размени на фудбалери. Тами Абрахам од Рома се сели во Милан, а Алексис Саелмакерс оди во спротивен правец. И до тука не е ништо чудно, ако не се знае дека двете екипи само си ги позајмија фудбалерите.
Милан и Рома долго преговараа за размена, но никако не можеа да се договорат околу цената, односно дали некој треба да му доплати на другиот. Соломонското решение беше две позајмици, со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната.
🚨 Tammy Abraham and Alexis Saelemaekers’ swap deal is now loan moves. Deal is done. Abraham will join Milan and Saelemaekers will join AS Roma.
(Source: @DiMarzio )#DeadlineDay pic.twitter.com/t7DgcqExJt
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 30, 2024