Милан Илоски даде 4 гола за 12 минути, го направи најбрзиот хет-трик во историјата на МЛС (Видео)

Милан Илоски кој има и македонско државјанство, имаше неверојатно издание на мечот помеѓу Сан Диего и Ванкувер од МЛС лигата (победа на Сан Диего од 5-3). Постигна дури 4 голови во период од само 12 минути.

Така 25-годишниот Илоски постави рекорди на МЛС лигата за најбрз хет-трик и „покер“ во историјата на оваа лига во која игра и еден Лионел Меси, а играле и многу врвни напаѓачи и ѕвезди од типот на Ибрахимовиќ, Суарез, Жиру…

Илоски првпат беше стартер и ја оправда довербата на спектакуларен начин, прикажувајќи игра за историја. Тој е играч на дански Нордсјеланд, а во Сан Диего е како позајмен.

Милан е во животна форма, и можеби во ФФМ треба да се обидат да го исконтактираат и да биде повикан во националниот тим доколку селекторот Благоја Милевски мисли дека има потреба за тоа, а многумина сметаат дека Илоски заслужува повик.

- Оглас -

Најнови вести