Екипата на Милан има вистинско чудо од дете во својата академија. Се работи за 15-годишниот Франческо Камарда, кој во младите категории постигнува по 5,5 гола на натпревар. Неверојатен просек кој му донесе прекоманда во јуниорската екипа за играчи до 19 години.
Тој има постигнато над 500 гола, ефект кој е незапаметен и за некои од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот. Камарда веќе испиша историја бидејќи стана најмладиот фудбалер кој постигнал голови во јуниорското првенство и во Купот на Италија, но и во младинската Лига на шампиони.
Фудбалерот сè уште нема потпишано професионален договор бидејќи тоа може да го стори дури откако ќе наполни 16 години, а раководството на Милан веќе се подготвува на тој чекор и воопшто нема да чека и на неговиот роденден ќе му понуди прв професионален договор.
Сепак, од сенка чекаат и Манчестер сити и Борусија Дортмунд, кои ќе се обидат да ги убедат родителите на фудбалерот и да му го украдат големиот талент на Милан.
https://www.youtube.com/watch?v=9k0QBqIieFo

