Милан, Интер и Јувентуст бараат реформи во Серија А кои нема да им се допаднат на поголем дел од екипите

Управите на Интер, Милан и Јувентус изминатиот викенд, кога се играше големото Дерби на Италија меѓу Нераѕурите и Старата дама, имале средба во Милано и донесе одлука која ќе предизвика бура на Апенинскиот Полуостров.

Челниците на трите најголеми италијански екипи донеле одлука да излезат со заеднички предлог за намалување на бројот на екипи кои ќе играат во Серија А. Нивна желба е од сезоната 2025/26 во Серија А наместо 20 да играат 18 екипи.

https://twitter.com/capuanogio/status/1754564536315621593?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1754564536315621593%7Ctwgr%5Ee4cd15fe502480759b6605d12f72e1dcd3d26501%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F24sedam.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F279439%2Fvelikani-hoce-smanjenje-serije-a%2Fvest

Целта на гигантите е да се намали бројот на натпревари, но италијанската јавност смета дека овој предлог ќе наиде на голем отпор кај помалите екипи кои не настапуваат во европските купови и не сакаат лесно да се откажат од финансискиот колач кој се дели на екипите во Серија А од ТВ-правата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести