Милан испиша историја, па освои само бод против Салернитана (Видео)

Фудбалерите на Милан и Салернитана одиграа 1-1 во последниот меч од 26-тото коло во италијанската Серија А.

Росонерите тргнаа со почетен состав во кој немаше ниту еден Италијанец, и ова беше прв меч во богатата историја на клубот од Милано да почнат без домашен играч.

Оливие Жиру погоди за Милан, изедначи Булаје Диа. Сега Милан е четврти на табелата со 20 бода помалку од лидерот Наполи, додека Салернитана има седум бода повеќе од Верона која е 18-та, позиција која носи испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести