Фудбалерите на Парма и Милан одиграа возбудливо реми 2-2 во натпревар од 11-тото коло на италијанската Серија А.
Росонерите имаа предност од 0-2 на полувремето, но во вториот дел значително попуштија, што и овозможи на Парма да се разигра и да израмни по одлични 45 минути игра.
Сè започна во 12-тата минута кога Милан поведе. Српскиот стопер Страхиња Павловиќ ја започна акцијата од својата половина, ја проигра топката до Рафа Леао, кој ја проследи до Енкунку, а Французинот ја одложи до Алексис Салемакерс. Крилото на Милан со прецизен удар по земја донесе предност за гостите.
Предноста на Милан се удвои во 25-тата минута, кога Леао реализира пенал. Изгледаше дека победата е сигурна, но Парма успеа да го намали резултатот во судиското надополнување на првиот дел со прекрасен гол на Адријан Бернабе од работ на шеснаесетникот.
Во второто полувреме, Парма продолжи да напаѓа и имаше шанса да израмни преку Матео Пелегрино, кој со удар со глава погоди каде што спојуваат гредата и дирекот. Неколку секунди подоцна, Енрико дел Прато погоди за конечни 2-2 во 62-та минута.

