Фудбалерите на Милан славеа со 2:0 како гости против Рома во дерби пресметката од третото коло во Серија А. Ова е трета победа за Росонерите во трите кола во Серија А и барем до утре ќе биде единствен тим со максимален ефект досега.
Резултатот го отвори Оливие Жиру во деветтата минута од пенал кој судијата го досуди по прекршокот на голманот на Рома, Руи Патрисио над засилувањето Рубенс Лофтус-Чик. Голот на Жиру може да го погледнете на следниот ЛИНК.
На стартот од вториот дел, победата ја завери Рафаел Леао, а неговиот гол може да го видите ТУКА.
Римската волчиња во последните 30-тина минути играше со играч повеќе по исклучувањето на Томори, и единствено што успеа да направи беше да го ублажи поразот со голот на Спинацола во третата минута од продолжението. Голот на Спинацола може да го видите ТУКА.