Милан израмни рекорд стар над 60 години

Милан ја продолжи низата од 26 натпревари без пораз откако одигра 3:3 против Рома на „Сан Сиро“. Росонерите може да жалат што не ги освоија трите бода затоа што трипати беа во предност, но гостите се враќаа и си заминаа непоразени од тешкото гостување.

И покрај тоа што Милан ја прекина низата од четири победи во Серија А, Росонерите останаа први на табелата. На дуелот против Рома, домаќините израмнија едно постигнување старо повеќе од 60 години. За првпат по 1959 година, Милан успеа на 11 меча по ред да постигне барем по два гола во сите натпреварувања.

Следниот предизвик за Златан Ибрахимовиќ и останатите е в четврток, во меч од Лигата на Европа против Спарта Прага.

 

- Оглас -

Најнови вести