15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Милан извојува победа со специјална посвета (Фото)

Екипата на Милан на загревањето пред мечот со Салернитана истрча со маички на кои стоеше поддршка до Симон Кјаер кој се повреди и му претстои подолга пауза, а Росонерите мотивацијата ја пренесоа и на терен, па уште во првите 20 минути го решија победникот.

Милан ја совлада слабата Салернитана со 2-0, и привремено изби на чело на табелата, со два бода плус во однос на Наполи кој треба да игра со Аталанта. Стрелци на головите на „Сан Сиро“ беа Франк Кеси и Алексис Салемакерс во 5-та односно 18-та минута.

За Белгиецот Салемакерс ова е прв гол сезонава, а откако даде гол, прослави со кревање на дресот на Милан со бројот 24 кој го носи Данецот Кјаер. Сега Милан сезонава има дури 14 различни стрелци, во топ 5 лигите подобар од нив е само Челзи за кој 16 различни играчи дадоа гол.

- Оглас -

Најнови вести