Милан рутински ја гази Салернитана, Леао има необичен хет-трик (Видео)

Милан одигра одлично прво полувреме против Салернитана и води со 2:0, а шампионот на Италија во еден од двата премиерни меча во 2023 година во Серија А можеше да има и поубедлива предност.

Првиот гол во Калчото за 2023 година го постигна Рафаел Леао во десеттата минута, откако само неколку минути претходно промаши чист зицер, односно ударот му го одбрани Очоа.

Португалецот кој е најдобар стрелец на Милан со 7 гола има необичен хет-трик. Постигнуваше барем по еден погодок во премиерните мечеви на Росонерите во последните три години, односно во 2021, 2022 и сега во 2023 година.

Само пет минути подоцна, Сандро Тонали ја затресе мрежата на дебитантот Очоа, кој стана прв голман од Северна и Средна Америка што брани во Серија А откако е воведено правилото за 3 бода за победа.

Очоа е Мексиканец и прв голманот од регионот на Северна и Средна Америка во Калчото од сезоната 1994/95.

Интересно е што идентичен е и резултатот на вториот меч од 16-тото коло, прво во 2023 година меѓу Сасуоло и Сампдорија, а и таму гостите водат со 2:0, со головите на Габијадини и на Аугело.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести