Милан ја избра новата „деветка“, доаѓа од Лига 1

Управата на Милан ја пикира замената за Оливие Жиру и во еден од наредните два преодни рока ќе тргне по неговиот потпис, а веќе е позната и цената.

Италијанските медиуми пишуваат дека за 60 милиони евра  на „Сан Сиро“ ќе пристигне напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.

Канадскиот репрезентативец во штотуку завршениот преоден рок беше цел на два италијански тима, Наполи и Јувентус, кои во Дејвид го гледаа наследникот на Виктор Осимен, односно Душан Влаховиќ, но до трансфер не дојде.

Дејвид одлично ја започна новата сезона и веќе постигна три гола за Лил.

- Оглас -

Најнови вести