12.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Милан ја купува ѕвездата на Болоња

Италијанскиот фудбалски вицешампион Милан ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Џошуа Зиркзе од Болоња. Преговорите меѓу раководството на Росонерите и агентот на Холанѓанецот се започнати и веќе се пред реализација.

Дваесет и тригодишниот офанзивец настапува за Болоња од 2022 година и постигна 14 гола на 58 натпревари. Во клупската кариера настапуваше за Баерн Минхен, Парма и за Андерлехт.

Болоња заврши на петтото место во Серија А и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Ова ќе биде прв настап на клубот во престижното европско натпреварување по 60 години.

- Оглас -

Најнови вести