Милан ја најде замената за Жиру, сега треба само да биде постигнат договор

Челниците на Милан го засилија интересот за доведување на напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе, најавува „Газета дело спорт“. Според пишувањата, Зиркзе се промовира во прва опција за потпис со Милан откако Спортинг Лисабон постави висока цена за Виктор Ѓекереш, а ако сака да го доведе Бенџамин Шешко од Лајпциг, ќе треба да плати 70 милиони евра.

Според проценките, вредноста на Зиркзе се проценува на 40 милиони евра. Холанѓанецот имаше одлична сезона во Болоња, каде што постигна 11 гола, а имаше и четири асистенции во 34 натпревари. Токму тој беше еден од најзаслужните што Болоња стигна и до место кое носи во Лигата на шампионите и овој тим за првпат по 60 години ќе игра во елитното европско друштво.

Милан мора да најде напаѓач кој ќе го пополни испразнетото место по заминувањето на искусниот Оливие Жиру. Докажаниот Жиру направи трансфер во тимот на Лос Анџелес во САД.

- Оглас -

Најнови вести